„Охридски Комуналец“ во вонредна акција подигна 32 кубни метри кабаст и зелен отпад

Ј.П. „Охридски Комуналец“ реализира вонредна акција за подигнување кабаст и зелен отпад на поширокото подрачје на општина Охрид.
И покрај редовните акции што се спроведуваат согласно календарот за подигнување кабаст и зелен отпад, од претпријатието посочуваат дека секојдневно се соочуваат со несоодветно депонирање на отпад, нарушување на јавните простори и загадување на животната средина.


Само во текот на вчерашниот ден биле подигнати 32 кубни метри кабаст и зелен отпад од различни локации на поширокото подрачје на општина Охрид.
Од „Охридски Комуналец“ повторно апелираат до граѓаните да се придржуваат до календарот за подигнување отпад за 2026 година или да ги контактираат дежурните телефони 075-495-428 и 075-397-944.
Оттаму посочуваат дека заедничкиот придонес е важен за унапредување на јавната хигиена и одржување на чиста и уредена животна средина.






