Општина Охрид објави Јавен повик за поддршка на проекти за еднакви можности на жените и мажите

Врз основа на Програмата за еднакви можности на Општина Охрид за 2026 година, објавена во „Службен гласник на Општина Охрид“ бр. 16/2025, Акцискиот план како составен дел на Програмата, Буџетот на Општина Охрид за 2026 година и Правилникот за доделување средства за проекти и програмски активности од областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2026 година (архивски бр.09- од10.2026 г.), Општина Охрид објавува: Јавен повик за поддршка на проекти за еднакви можности на жените и мажите за 2026 година.
Вкупниот максимален финансиски ресурс за активностите изнесува 500.000 денари.
Право на учество имаат здруженија на граѓани, фондации и други непрофитни правни лица чии цели и дејности се поврзани со конкретната активност. По правило, апликантите треба да бидат регистрирани и да имаат седиште на територијата на Општина Охрид, освен ако со повикот не е предвидено поинаку.
Повеќе информации на линкот.



