Физички нападнати ученици од Скопје во центарот на Охрид
Од СВР Охрид информираат дека се работи на целосно расчистување на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15 октомври, во 01 часот по полноќ, во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, повеќе лица физички нападнале неколку ученици од Скопје.
Според пријавата, учениците се движеле во група заедно со своите професори кога биле нападнати.
Од СВР Охрид информираат дека се работи на целосно расчистување на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.




