Јавен конкурс за лого и слоган за Струга како туристичка дестинација

Општина Струга објави јавен конкурс за изработка на лого и слоган со кои ќе се промовира Струга како туристичка дестинација, повикувајќи ги сите креативни и талентирани лица со живеалиште на територијата на општината да дадат свој придонес во создавањето на новиот туристички идентитет на градот.
Вкупниот награден фонд изнесува 100.000 денари, а заинтересираните учесници можат да ги достават своите предлози најдоцна до 4 ноември 2026 година, до полноќ.
Предлозите треба да содржат лого и слоган на англиски јазик, како и на албански или македонски јазик. Покрај графичкото решение и слоганот, потребно е да се достави и краток опис на концептот и инспирацијата зад предлогот.
Пријавите се доставуваат во затворен плик до Општина Струга, во новата општинска зграда.



