„Недела на борба против гладта“: Црвен крст во акција за поддршка на најранливите

По повод Светскиот ден на храната – 16 Октомври, Црвениот крст на Република Северна Македонија ја спроведува традиционалната кампања „Помислете и на нас“, во рамки на „Неделата на борба против гладта“, која се одбележува од 16 до 22 октомври.
Кампањата има за цел да ја подигне свеста за проблемот со гладот и сиромаштијата, како и да поттикне солидарност и хуманост во заедницата. Преку хуманитарни акции и донации, се обезбедува помош во храна за лицата и семејствата кои се соочуваат со социјален ризик.
–Светскиот ден на храната нè потсетува дека секој човек заслужува пристап до доволно, безбедна и квалитетна храна. Сепак, гладот и сиромаштијата и понатаму претставуваат сериозен предизвик за многу семејства, поради што поддршката од заедницата е од особено значење, велат од Црвениот крст.
Со пораката „Помислете и на нас“, Црвениот крст повикува на хуманост, солидарност и заедничка грижа за најранливите категории граѓани, бидејќи секоја донација и секој хуман гест можат да направат значајна разлика.





