Марко Милошевиќ и Борис Режак утревечер во Охрид со „Поезија и песни за животот“
Двајцата уметници носат спој на музика и поезија што допира до публиката и потсетува дека некои приказни најсилно се раскажуваат преку стиховите и песните.

По успешната средба со публиката во Битола и вечерашниот концерт во Скопје, Марко Милошевиќ и Борис Режак утре, 17 октомври, пристигнуваат во Охрид со музичко-поетскиот проект „Поезија и песни за животот“.
Публиката во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе има можност да проследи посебна вечер во која се испреплетуваат поезијата, стиховите и познатите песни, создавајќи атмосфера исполнета со емоции, сеќавања и лични приказни.
За концертот во Охрид останат е уште ограничен број влезници, кои ќе може да се набават по цена од 600 денари до самиот почеток на концертот.





