Skip to main content

Денеска во 17 часот извлекување на наградите од акцијата „За посреќно детство“ на Црвен крст Охрид

Во извлекувањето ќе учествуваат броевите на сите талончиња купени за време на акцијата, а граѓаните ќе имаат можност да го следат настанот во живо преку официјалниот YouTube-пренос.
 |  инфодеск  | 

Црвен крст Охрид денеска (19 октомври) со почеток во 17 часот ќе го организира извлекувањето на главните награди од хуманитарната и спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“.

Во извлекувањето ќе учествуваат броевите на сите талончиња купени за време на акцијата, а граѓаните ќе имаат можност да го следат настанот во живо преку официјалниот YouTube-пренос.

Извлекувањето може да го следите во живо на следниот линк: https://www.youtube.com/live/8TvUe_ucW3o

Од Црвен крст Охрид ги повикуваат сите учесници да ги подготват своите талончиња и внимателно да го следат извлекувањето. Доколку биде извлечен добитниот број, сопственикот треба да го донесе талончето во просториите на Црвен крст Охрид за да ја подигне освоената награда.

Од организацијата упатија благодарност до сите граѓани кои ја поддржаа акцијата „За посреќно детство“.