Два физички напади во Охрид, инциденти во ноќен клуб и на кеј „Македонија“
Против напаѓачите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Два физички напади биле пријавени во Охрид на 18 октомври, информираат од Секторот за внатрешни работи Охрид.
Првиот случај бил пријавен во 03:30 часот, кога во ноќен клуб во Охрид едно лице физички нападнало 39-годишен охриѓанец. Од полицијата преземаат мерки за расчистување на настанот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вториот инцидент се случил истиот ден во 14:45 часот на кејот „Македонија“, каде 19-годишен охриѓанец физички нападнал 58-годишен сограѓанин, со што го нарушил јавниот ред и мир. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.




