Skip to main content

Од денес до 27-ми октомври поставена изложбата „Стари балкански фотографии“

Организаторите упатуваат покана до сите граѓани, љубители на уметноста и историјата да ја посетат изложбата.
 |  инфодеск  | 

НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во соработка со Државен архив на Република Македонија за охридската јавност ќе ја приредат изложбата „Стари балкански фотографии“.

​Изложбата ќе биде поставена во изложбениот салон на Центарот за култура и ќе биде достапна за посетителите од: 19-ти (понеделник) до 27-ми октомври 2026 година, секој работен ден, од 9:00 до 19:00 часот.