Skip to main content

Николоски: Тунелот кај Пресека е речиси завршен, наскоро ќе биде пуштен во употреба

Тунелот кај Пресека на автопатот Охрид – Кичево е во завршна фаза, а неговото пуштање во употреба, заедно со делницата од Извор до Врбјани и галериите, се очекува во следните неколку недели. Министерот за транспорт Александар Николоски најави дека се работи на последните детали, додека најголем предизвик за завршување на автопатот останува делницата кај Ботун, каде што се применува посебно техничко решение поради неповолните геолошки услови.
 |  инфодеск  | 

Тунелот кај Пресека на автопатот Охрид – Кичево е во завршна фаза, а неговото пуштање во употреба, заедно со делницата од Извор до Врбјани и галериите, се очекува во следните неколку недели. Ова го најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за „360 степени“.

Според Николоски, на тунелот се изведуваат завршните работи, меѓу кои фарбањето и поставувањето на осветлувањето.

„Таму одлично оди работата, сега одиме на фини работи. Во среда ќе одиме со директорот Трајановски на терен да видиме. Значи, стигнати сме буквално до фарбање на тунелот и поставување на осветлувањето. Тоа се најситните, најфините работи, а штом сме стигнале до таму, значи дека проектот е одлично напреднат“, изјави Николоски.

Тој појасни дека пред пуштањето во употреба ќе треба да бидат добиени две дозволи, од Министерството за транспорт и од Министерството за внатрешни работи. Како што нагласи, тунелот ќе биде пуштен во сообраќај откако ќе бидат исполнети сите потребни стандарди.

Николоски посочи дека најсложениот дел од изградбата на автопатот останува делницата кај селото Ботун, по течението на реката Сатеска, каде што неповолните геолошки услови бараат посебно техничко решение.

„Таму целата земја е графитна, односно црна земја, која при најмал допир со вода станува кашеста и не може да се стабилизира. Затоа решивме да одиме со решението што го понуди „Синохидро“, кое е најмодерно“, рече Николоски.

Според него, предвидено е стабилизирање на теренот со армирано-бетонски и челични столбови, кои ќе навлегуваат од 20 до 28 метри во земјата. Станува збор за вкупно 156 вакви конструктивни решенија, веќе бea презентирани во јавноста.

Николоски изрази очекување и оваа делница да биде завршена во предвидениот рок, со што би се овозможило комплетирање на автопатот Охрид – Кичево.