Skip to main content

Кривична пријава за бесправно градење во охридското село Рамне

Од надлежната градежна инспекција било донесено решение за отстранување на градбата.
 |  инфодеск  | 
поглед кон охрид од рамне

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, според член 244 од Кривичниот законик.

Според пријавата, на катастарска парцела во охридското село Рамне, пријавениот започнал со изградба на бетонска плоча и изведување други придружни градежни зафати без одобрение за градење од надлежен државен орган.

Од надлежната градежна инспекција било донесено решение за отстранување на градбата.