Променливо облачно време со дожд во Охрид, температурите до 20 степени

Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови, најпрво во крајните западни делови, а потоа на повеќе места ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.
Минималните температури во Охрид од 8, а максималните до 20 степени Целзиусови.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, од денес до почетокот на следната работна седмица, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, а утре ќе бидат проследени и со појава на ретки грмежи. Утре и во четврток наместа ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, освен во петок кога ќе биде засилен и од североисточен правец.




