Да ја поддржиме Македонија на Детската Евровизија 2026 во Малта

Стружанката Ана Стојаноска ќе ја претставува Македонија на Детската Евровизија со песната „Идната јас“. Натпреварот ќе се одржи на 24 октомври во Малта, а македонската публика ќе има можност да ѝ даде поддршка на нашата претставничка преку онлајн гласање.
Гласањето се одвива преку официјалната страница JESC.TV, каде што секој гласач треба да избере три песни, меѓу кои и „North Macedonia – Ana Stojanoska“, а потоа да го потврди својот избор.


Гласањето ќе се одвива во два круга. Првиот круг започнува на 23 октомври во 23:59 часот и ќе трае до 24 октомври во 20:59 часот. Вториот круг ќе биде отворен на 24 октомври, по завршувањето на сите настапи, кога публиката ќе има уште околу 15 минути за повторно да гласа.
Гласањето е бесплатно, а Ана може да ја добие поддршката од публиката во двата круга. Македонската претставничка ќе настапи под реден број 12, а шоуто започнува во 21 часот.




