Викендов почнува зимското сметање на времето

Викендов, во ноќта меѓу сабота, 24 октомври, и недела, 25 октомври 2026 година, започнува зимското сметање на времето. Граѓаните ќе треба да ги поместат стрелките на часовниците еден час наназад, што значи дека ќе спиеме еден час подолго.
Промената ќе се случи во недела, на 25 октомври, во 3 часот по полноќ, кога часовниците ќе се вратат на 2 часот. Со тоа официјално завршува летното и започнува зимското сметање на времето, кое ќе трае до ќе трае до недела, 28 март 2027 година, кога часовниците повторно ќе се поместат еден час нанапред.
Со преминувањето на зимското сметање на времето, утрата ќе бидат посветли, но ќе се стемнува еден час порано според часовникот. Оваа промена може да влијае врз секојдневните навики, особено врз ритамот на спиење.



