Пожар во пилана кај Куратица, интервенирале охридските пожарникари
Во пожарот нема повредени лица, информираат од СВР Охрид.

Пожар избувнал во пилана кај месноста „Прентов мост“, во близина на охридското село Куратица, во делот каде што се наоѓа комората за печење дрво и штици. Во пожарот нема повредени лица, информираат од СВР Охрид.
Настанот бил пријавен на 20 октомври 2026 година, во 15:30 часот, по што интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот.




