Стружанец бесправно исекол 175 кубни метри буково дрво, штетата проценета на 5,25 милиони денари
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 46-годишен жител на Подгорци поради сомнение за кражба и пустошење шума. Тој бил затекнат при бесправна сеча во шума во државна сопственост.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 46 годишно лице од струшкото село Подгорци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба” и „пустошење шума”.
-При контрола и координирана акција од ОВР Струга и Шумската полиција, извршена на 16.10.2026 во планински појас над истото село, тој бил затекнат во шума во државна сопственост како со моторна пила врши бесправна сеча на немаркирано буково дрво, иформираат од СВР Охрид.
По преземени дополнителни мерки било утврдено дека тој исекол вкупна количина од 175 метри кубни огревно буково дрво, со што на Јавното претпријатие „Национални шуми” му предизвикал материјална штета од 5.250.000 денари.




