Тешко повредена 78-годишна охриѓанка откако во неа удрил камион со приколка на „15-ти Корпус“
На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Охрид.

78-годишна жена од Охрид се здобила со тешки телесни повреди откако во неа удрил товарен камион со приколка на улицата „15 Корпус“ во Охрид.
Според информациите од СВР Охрид, несреќата се случила на 20 октомври, околу 11 часот. Во жената удрило товарно возило „МАН“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 62-годишен охриѓанец.
Повредената жена била пренесена во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Охрид.




