Оровник добива нова инфраструктура
Во Оровник се подготвува целосно асфалтирање на главната улица, од влезот на селото до црквата „Св. Илија“, како дел од инфраструктурен проект вреден 11,5 милиони денари.

Во селото Оровник, општина Дебрца, во тек се градежни активности за реконструкција на главната улица, со кои се предвидува подобрување на патната и комуналната инфраструктура.
Проектот опфаќа целосно асфалтирање на улицата на потегот од влезот на селото до црквата „Св. Илија“, како и подземно каблирање на електричната мрежа и поставување нови електрични ормари.

Дополнително, предвидена е изградба на нови тротоари за побезбедно движење на пешаците, како и поставување ново улично осветлување.
Според објавата на градоначалникот Златко Сиљаноски, вкупната вредност на инвестицијата изнесува 11,5 милиони денари, а со реализацијата на проектот се очекува да се подобрат условите за живот и изгледот на селото.






