Skip to main content

Сама своја жртва

28-годишната Американка со тешки изгореници на лицето, која им го привлече вниманието на светските медиуми, тврдејќи дека непозната жена и фрлила киселина, и призна на полицијата дека таа самата си ги нанела повредите.  

 |  Маја Савиќ  | 
betani storo
бетани сторо
betani storoБетани Сторо од Ванкувер, Вашингтон тврдеше дека и пришла непозната афро-американска жена со чаша во раката и откако и рекла “Еј убава девојко, сакаш да го испиеш ова?” и истурила киселина врз лицето. Веднаш штом медиумите јавија за нападот, Сторо почна да добива поддршка од целиот свет и покани за гостување на бројни ТВ шоуа. Дури добиваше и донации за лекување.

betani storo“Тоа беше најболното нешто во мојот живот. Срцето ми сопре. Киселината ми ја проби облеката. Можев да почувствувам како ми го гори вториот слој од кожата. Никогаш претходно не сум ја видела таа девојка. Имаше чуден поглед, на бес и завист”, тогаш во детали опишуваше Сторо.

Но, како што течеше истрагата така се откриваа неколку сомнителни околности околу нападот. Фактот што носела очила а веќе било стемнето, укажува на тоа дека сакала да си ги заштити очите. Сомнежите уште повеќе пораснале, кога таа во последен момент го откажа гостувањето во шоуто на Опра Винфри.

Сега полицијата од Вашингтон соопшти дека признала дека таа самата си ги нанела повредите. За тоа дали против неа ќе биде покрената кривична постапка, ќе се знае откако детективите ќе ја заокружат истрагата. Властите сè уште не ги знаат мотивите за лажирањето на нападот, но велат дека таа многу се кае заради тоа.

Само една недела пред признанието, Сторо одржа уште една прес-конференција на која повторно изјави дека сака да ја пронајде девојката што ја нападна.

“Јас немам непријатели. Со тек на време ќе и простам а потоа ќе можам да продолжам со животот”, рекла.
betani storo
{loadposition content9}