Кривична за стружанец кој без дозвола изградил ограда со потпорен ѕид во Радожда
Жител на Струга на катастарска парцела во Радожда изградил ограда со потпорен ѕид без соодветна документација, поради што против него е поднесена кривична пријава за узурпација на недвижности.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишен жител на Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Според пријавата, на катастарска парцела во струшкото село Радожда, пријавениот неовластено и без соодветна документација издадена од надлежен државен орган изградил ограда со потпорен ѕид.



