Во понеделник прекин на водоснабдувањето во цела Општина Струга
Oд јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Струга апелираат до граѓаните за разбирање додека траат работните активности.

Жителите на Општина Струга во понеделник, 26 октомври, ќе останат без вода од 9 до 14 часот поради изведување работи за замена на вентили, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Струга.
Прекинот ќе ја опфати целата територија на Општина Струга, а од јавното претпријатие апелираат до граѓаните за разбирање додека траат работните активности.



