Тројца охриѓани приведени по тешка кражба во автокамп во Охрид
По целосно документирање на настанот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Тројца жители на Охрид се лишени од слобода откако биле затекнати при транспорт на украдени предмети од автокамп во Охрид, информираат од полицијата.
На 25 октомври 2026 година, во 13:45 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода тројцата мажи, на возраст од 18, 25 и 30 години.
Според информациите од полицијата, тие биле затекнати по извршена тешка кражба во кампот, при што со два мопеди, за кои немале соодветни документи, ги транспортирале одземените предмети.
По целосно документирање на настанот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.




