Skip to main content

Прва награда за охридскиот гимназијалец Јон Ѓорѓиевски на Државниот фестивал за аматерски филм

Наградениот филм „Во спектарот (музика)“ е кратко визуелно остварување без дијалог, во кое музиката ја носи главната емоција и е водилка низ филмската приказна.
 |  инфодеск  | 

Јон Ѓорѓиевски, ученик во ООУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, освои прва награда за експериментален филм на јубилејното 55. издание на Државниот фестивал за непрофесионален (аматерски) филм на Македонија (55-ДФНФ 2026).

Наградениот филм „Во спектарот (музика)“ е кратко визуелно остварување без дијалог, во кое музиката ја носи главната емоција и е водилка низ филмската приказна.

Посебноста на филмот е во тоа што музиката е целосно авторско дело на Ѓорѓиевски, кој сам ја компонирал, снимил и продуцирал.

Од ООУ „Св. Климент Охридски“ му честитаат на ученикот за постигнатиот успех, талентот, креативноста и посветеноста, со желби за уште многу награди и успеси во идните уметнички проекти.