Охридскиот камерен оркестар со концерт „Мозаик на жанрови“ во Центарот за култура

Охридскиот камерен оркестар ќе одржи концерт под наслов „Мозаик на жанрови“ во среда, на 28 октомври 2026 година, со почеток во 13 часот, во Малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид.
Концертот се реализира во рамките на годишната програма и културната понуда на Центарот за култура, а пред охридската публика ќе биде изведена разновидна музичка програма, составена од познати дела од класичната и забавната музика.
Како солисти на концертот ќе настапат Исабела Димовска, Ѓоко Чеменкоски и Билјана Буџакоска.
Проектот има за цел да ги обедини различните музички стилови и да ја доближи уметничката музика до пошироката публика, преку спој на класични созвучја и популарни мелодии.
Настанот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Македонија.
Влезот за концертот е слободен.




