Утре посебен режим на сообраќај кај Пресека до Арбиново
Времениот режим ќе трае до завршување на санацијата на коловозот.
| инфодеск | Македонија

Утре ќе се воведе времен сообраќаен режим на автопатот од Кичево до Охрид поточно на делот од Пресека – Песочан до клучката Арбиново.
Времениот режим се воведува поради градежни работи за санација на левиот коловоз, а ќе трае до завршување на санацијата.




