Skip to main content

Младински Центар Охрид

Ивана Пешликовска, Марко Трајкоски и Филип Малезанов учесници на 4. Конференција за младинско претприемништво „Да градиш иднина дома“

Охридските претприемачи со младите ги споделија своите лични искуства, предизвиците со кои се соочиле и можностите за започнување сопствен бизнис во родниот град, нудејќи им совети и насоки за градење успешна бизнис приказна.
 |  инфодеск  | 

Во Младинскиот центар Охрид денес се одржа 4. Конференција за младинско претприемништво „Да градиш иднина дома“, на која младите имаа можност да слушнат лични искуства и совети од охридски претприемачи за предизвиците и можностите за започнување сопствен бизнис.

Во рамки на панел-дискусијата „А што ако успееш?“, Ивана Пешликовска од IP Interior Design, Марко Трајкоски од Пицерија Прова и Филип Малезанов од Малезан Филигран ги споделија своите искуства од започнувањето и развојот на сопствените бизниси во Охрид. Тие зборуваа за првичните предизвици, пречките со кои се соочиле и лекциите што ги научиле на патот кон градење успешни бизнис-приказни.

По панел-дискусијата, во соработка со Центарот за вработување – Охрид, беше организирана и информативна сесија посветена на можностите за вработување и достапната поддршка за младите кои сакаат да направат нов професионален чекор.