Skip to main content

Јавна презентација и расправа за Стратегиската оцена на влијанието врз животната средина за урбан блок15.5

Јавната презентација и јавната расправа ќе се одржат на 16 ноември 2026 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот, во малата сала на Општина Охрид.
 |  инфодеск  | 

Општина Охрид ја информира јавноста дека на јавен увид е ставен Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за Измената и дополнувањето на Генералниот урбанистички план за Урбана заедница 15, урбан блок 15.5, и Деталниот урбанистички план за Урбана заедница 15, урбан блок 15.5 – опфат 2, во обединета постапка.

Нацрт-извештајот ќе биде достапен за увид во Одделението за планирање и управување со заштитени подрачја и други заштитени делови од природата при Општина Охрид, секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот, во периодот од 27 октомври до 26 ноември 2026 година.

Јавната презентација и јавната расправа ќе се одржат на 16 ноември 2026 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот, во малата сала на Општина Охрид.

Правните и физичките лица, како и сите заинтересирани граѓани, можат да достават мислења, забелешки и предлози во врска со Нацрт-извештајот до Општина Охрид, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на информацијата.

Забелешките и предлозите може да се достават на е-пошта: zivotnasredina@ohrid.gov.mk , или по пошта на адресата: Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр. 57 Охрид.

Општина Охрид ги поканува сите заинтересирани страни да учествуваат на јавната презентација и јавната расправа и активно да се вклучат со свои мислења, забелешки и предлози во врска со Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина.

Повеќе на линкот : ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА РАСПРАВА ПО НАЦРТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УРБАНА ЗАЕДНИЦА 15, УРБАН БЛОК 15.5 И ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УРБАНА ЗАЕДНИЦА 15, УРБАН БЛОК 15.5-ОПФАТ 2 ВО ОБЕДИНЕТА ПОСТАПКА – Ohrid.gov.mk