Општина Охрид распиша конкурс за детскиот поетски фестивал „Поетски искри“ – Охрид 2026

Општина Охрид распиша конкурс за учество на детскиот поетски фестивал „Поетски искри“ – Охрид 2026, во рамки на програмските активности од областа на културата, насочени кон поттикнување, развој и афирмација на творештвото кај децата и младите.
Овогодинешниот конкурс е на тема „Охрид и Македонија“, посветена на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Република Македонија.
Поетските творби треба да бидат инспирирани од Охрид и Македонија – нивната историја, култура, традиција, природно и духовно наследство, македонскиот јазик, татковината, Охридското Езеро, значајните личности и настани, како и вредностите што го поврзуваат минатото со сегашноста и иднината.
На учениците им се остава творечка слобода темата да ја изразат преку сопственото доживување, размислување и поетски израз.
Право на учество имаат учениците од основните и средните училишта на територијата на Општина Охрид.
Сите заинтересирани деца кои сакаат да учествуваат на фестивалот треба да ги достават своите поетски творби најдоцна до 30 ноември 2026 година, согласно условите и критериумите утврдени во конкурсот.
Конкурсот е на следниот линк: Konkurs_Poetski_iskri_2026_SO_GRB_SLUZBEN.pdf




