Кривична пријава против охриѓанец кај когo биле пронајдени пиштол и 25 куршуми
Пиштол „Црвена застава“ калибар 7,65 милиметри и 25 куршуми од различен калибар биле пронајдени и одземени при претрес.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле еден пиштол „Црвена застава“, калибар 7,65 милиметри, како и 25 куршуми од различен калибар.




