Oхриѓанец физички ја нападнал мајка си и други членови на семејството
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дваесет и двегодишен охриѓанец бил лишен од слобода откако физички ја нападнал својата мајка и други членови на семејството.
„На 01.11.2026 во 16:40 часот на улица ‘Егејска’ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 22 годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Охрид физички ја нападнал неговата мајка и други членови на семејството.“, соопшти полицијата.
Полицијата постапила по претходна пријава за семејно насилство, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.




