Државата има пари за колиби, но не и за пензионерски дом
Со свечена академија се одбележаа 64 години од постоењето на Пензионерската организација во земјава. Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца за прв пат со свечена академија го одбележа својот ден.
Ѓорги Трпчевски
Со свечена академија се одбележаа 64 години од постоењето на Пензионерската организација во земјава. Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца за прв пат со свечена академија го одбележа својот ден. Претседателот на здружението Ѓорѓи Трпечески при тоа потсети на изминатиот период и на сите проблеми со кои се соочувале пензионерите, а тешкотиите биле надминувани. Тие бараат достоинствено третто доба, а се надеваат дека со владината стратегија за стари лица 2010-2019 популацијата ќе се вклопи во системот на државата.
Во Здружението на Охрид и Дебрца во моментов членуваат над 9800 старосни, семејни и инвалидски пензионери. Вратата на организацијата е отворена за сите пензионери кои не сакаат да бидат осамени. Еден од начините за активно да го минуват слободното време е членување во повеќе спортски секции. Многу од пензионерите при тоа постигнуваат и успешни резултати на државните натпревари. Цветко Попоски член на секцијата во стрелаштво ги повикува пензионерите да се дружат и спортуваат.
На свечената академија на здружението на пензионерите покрај голем број гости од земјава и странство, присуствуваа и двајцата градоначалници на општина Охрид и Дебрца, Александар Петрески и Љупчо Којчиноски. Петрески се осврна на најголемиот проблем кој во моментов ја мачи оваа популација, изградбата на Домот за пензионери, за кој државата досега немала слух. „Се согласувам дека живееме во економска криза, но не можам да се согласам да има пари за колиби во Градиште. Не можам да се согласам со фактот дека е криза во општетсвото и нема плати и пензии, да има средства за колиби, а да нема за изградба на дом за пензионери.“
Петрески пред присутните нагласи дека советот на општината во месец април донесол одлука на 8000 м квадратни државно земјиште на езерскиот брег да се изгради ваков дом. Сега, рече градоначалникот чекаме држвата да го префрли земјиштето во сопственост на општината, за да распишеме тендер за негова изградба.
{loadposition content9}