Skip to main content

Две охриѓанки физички нападнале скопјанка во основно училиште во Охрид

Полицијата работи на расчистување на настанот.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

На 2 ноември 2026 година, во 17:18 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во едно основно училиште во Охрид две жени од градот, на возраст од 24 и 29 години, физички нападнале 37-годишна жена од Скопје.

Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.