Skip to main content

Со богата програма Охрид ќе одбележи 82 години од ослободувањето

Од 3 до 7 ноември 2026 година, граѓаните ќе имаат можност да бидат дел од настаните со кои ќе се оддаде почит на историското минато и на борбата за слобода.
 |  инфодеск  | 

Охрид се подготвува да одбележи 82 години од ослободувањето на градот. По повод 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, Општина Охрид организира свечена програма со културни настани и активности посветени на слободата, храброста и историското наследство на градот.

Од 3 до 7 ноември 2026 година, граѓаните ќе имаат можност да бидат дел од настаните со кои ќе се оддаде почит на историското минато и на борбата за слобода.

Во продолжение следува програмата за одбележување на 82-годишнината од ослободувањето на Охрид.