Skip to main content

Ништо од милијардите на тато

“Да остане за децата…“ не е нешто што го помислува еден од најбогатите луѓе на денешницата. Бил Гејтс своето вртоглаво богатство планира да го остави на друго место, а не на банкарските сметки на неговите деца.

 |  Маја Савиќ  | 
Bil Gates
Бил Гејтс
Bill Gates so semejstvoto“Да остане за децата…“ не е нешто што го помислува еден од најбогатите луѓе на денешницата. Бил Гејтс своето вртоглаво богатство планира да го остави на друго место, а не на банкарските сметки на неговите деца.

Своите милијарди основачот на Microsoft ќе ги намени на борба против сиромаштијата. Но, пред да се загрижите дека неговите деца ќе бидат сиромашни како просекот во Македонија, па почнете да им подготвувате зимница за тешките денови, знајте дека Гејтс сепак ќе им остави “делче“ од богатството.

„На своите деца, се разбира, ќе им дадам пари. Но, тоа нема да биде поголем процент“, изјавил Бил Гејтс во интервјуто за британскиот The Sun, додавајќи дека на тој начин сака да ги научи своите деца дека мораат да работат.

„Одлуката сите тие пари да ги оставам на своето семејство не би била добра ниту за моите деца, ниту за општеството“, смета Гејтс кој со својата сопруга Мелинда има три деца; 14 годишната Џенифер, 11 годишниот Рори и 8 годишната Фиби.

Богатството на Гејтс се проценува на околу 40 милијарди евра од кои поголемиот дел ќе ги вложи во приватната фондација “Bill and Melinda Gates“ чија главна цел е борбата против сиромаштијата и залагањето за подобра здравствена заштита. До сега, преку споменатата организација, донирал над 28 милијарди долари за финансирање на програмата за вакцинирање против туберколоза и детска парализа, а значајна сума вложил и во пронаоѓањето на лекови против сида и маларија.

{loadposition content9}