Skip to main content

УХМР

Денс променливо облачно со повремени сончеви периоди, од утре услови за утринска магла

Минималните температури денес во Охрид од 5, а максималните до 14 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 
пристаниште Охрид фото Симјаноски

Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималните температури денес во Охрид од 5, а максималните до 14 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека утре, петок и сабота ќе има услови за појава на утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали. Во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степени.

Фото: Ѓоко Симјаноски