Skip to main content

Новиот камион за собирање на селектиран отпад наскоро низ домаќинствата и хотелите од Хорека проектот во Охрид

Преку кампањата „Чисто е убаво!“, општините и јавните комунални претпријатија ги доближуваат пораките за селекција до граѓаните и поттикнуваат заедничка одговорност за почиста животна средина.
 |  инфодеск  | 

Камионите за собирање на селектиран отпад во Охрид, Битола, Новаци, Прилеп, Кичево, Пласница, Ресен и Крушево добиваат нов изглед со мотото на кампањата „Чисто е убаво! – Селектирај“. Кампањата има за цел да ја подигне свеста за важноста на селекцијата на отпадот и да поттикне поголемо учество на граѓаните во создавањето почиста и поздрава животна средина.

Со брендирањето на возилата, основната порака на кампањата станува дел од секојдневието во општините, видливи на улиците и во населбите каде што се собира отпадот. На овој начин, темата за селекција на отпадот се доближува до граѓаните, а селекцијата се промовира како едноставна, но важна секојдневна навика.

Селекцијата на отпад е важен чекор кој придонесува кон намалување на количините отпад што завршуваат на депониите. Но исто така, со селекцијата се обезбедува повторно искористување и рециклирање на материјалите, со што се овозможува поодговорно користење на природните ресурси. За да даде резултати, таа бара соодветно организирани услуги и инфраструктура, но и активно учество на граѓаните.

Токму затоа, селекцијата е еден од клучните елементи на Регионалниот систем за управување со отпад (РСУО). Таа е една од важните почетни фази во поширокиот процес на собирање, транспорт и обработка на отпадот, овозможувајќи поголем дел од материјалите повторно да се искористат, а помали количини отпад да завршат на депониите.

Преку кампањата „Чисто е убаво!“, општините и јавните комунални претпријатија ги доближуваат пораките за селекција до граѓаните и поттикнуваат заедничка одговорност за почиста животна средина. Бидејќи промената започнува со секој од нас и со отпадот што го селектираме секој ден.

Кампањата „Чисто е убаво!“ се спроведува во рамки на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“, финансиран од Шведска имплементиран од SALAR International.