Утре подигнување на селектиран отпад во Охрид

Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги известува граѓаните дека утре, четврток (5 ноември), согласно календарот за 2026 година, ќе врши подигнување на селектиран отпад од кантите за пластика, хартија и картон во шест охридски улици.
Акцијата ќе ги опфати домаќинствата на улиците „Железничка“, „Прилепска“, „Винковачка“, „Будва“, „Крали Марко“ и „8-ми Март“.
Од претпријатието потсетуваат дека пластиката треба да се одлага во жолтите канти, додека хартијата и картонот во сините садови, апелирајќи до граѓаните да го почитуваат распоредот и правилата за селекција на отпадот.
За пријавување неправилности и дополнителни информации, граѓаните можат да го користат зелениот телефон на Ј.П. „Охридски Комуналец“ 076 355 327.
Од претпријатието упатуваат апел за одговорно одлагање и селектирање на отпадот, како заеднички придонес за почиста животна средина.



