Охридски кардиолог пред светската кардиолошка елита: Д-р Дејан Манчевски со презентација на престижен конгрес во САД

Д-р Дејан Манчевски, раководител на Одделот за перкутани артериски инвазивни процедури во ЈЗУ Специјализирана болница „Св. Стефан“ – Охрид, ја претстави болницата и македонската интервентна кардиологија на престижниот светски конгрес TCT 2026 (Transcatheter Cardiovascular Therapeutics), кој се одржува во Сан Диего, САД.

-Презентирана е комплексна процедура за реваскуларизација на крвните садови на долните екстремитети, со примена на современа SPUR™ RST технологија и балон со лек-облога, со цел воспоставување на крвотокот и зачувување на екстремитетот кај пациенти со тешка хронична исхемија. Ова е ислучителен успех и признание за извонредност во професијата на д-р Манчевски, туку и за нивото со кое се врши кардиолошката дејност во ЈЗУ Специјализирана болница „Св. Стефан“ – Охрид, како и за развојот на македонската интервентна кардиоваскуларна медицина, се вели во соопштението од ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања-Охрид.
Од болницата упатија искрени честитки до д-р Манчевски, нагласувајќи дека неговиот успех е признание и за целиот медицински тим, а крајната цел останува унапредување на здравствената грижа и обезбедување најдобри услуги за пациентите.
Latest Охрид







