Skip to main content

Фатен при бесправна сеча на бука во државна шума над Подгорци, кривична пријава за 45-годишник

Лицето било лишено од слобода, а бесправно исечената дрвна маса била предадена на Шумската полиција за понатамошна постапка.
 |  инфодеск  | 
Овр Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 45-годишен жител на струшкото село Подгорци, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење на шуми“ и „кражба“.

Како што информираат од СВР Охрид, на 16 октомври 2026 година, при заедничка акциска контрола на полициски службеници од ОВР Струга и Шумската полиција, на планинскиот појас над селото Подгорци, лицето било затекнато при бесправна сеча на немаркирани букови дрвја.

Сечата се одвивала во шумска катастарска парцела во државна сопственост, со намера бесправно да ја присвои дрвната маса.

Лицето било лишено од слобода, а бесправно исечената дрвна маса била предадена на Шумската полиција за понатамошна постапка.