Приведен 21-годишен скопјанец во Охрид, се сомничи дека овозможил користење марихуана
21-годишен скопјанец заработи кривична пријава откако полицијата го затекнала на паркинг на улицата „Партизанска“ во Охрид, каде на две лица им овозможил користење марихуана.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 21-годишен жител на Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“.
-При извршена контрола, полициските службеници го затекнале пријавениот на паркинг простор на ул. „Партизанска” во Охрид со уште две лица на кои претходно, им овозможил користење опојна дрога марихуана, информираа од СВР Охрид.
Тројцата биле лишени од слобода, по што со нив во СВР Охрид биле извршени службени разговори.









