„Инспирација за монодрама“ – животни приказни и успешни бизниси на охриѓани
Животните приказни, предизвиците и деловните успеси на седуммина истакнати охриѓани ќе бидат претставени вечерва на настанот „Инспирација за монодрама“ во Охрид.

Во рамки на програмата за одбележување на 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, денеска ќе се одржи културниот бизнис-импакт настан „Инспирација за монодрама“.
Преку монодрама ќе бидат претставени животните приказни, предизвиците и успесите на истакнати охриѓани од бизнис-сферата, како и нивниот пат од идеја до препознатлив домашен и меѓународен бренд.
На настанот ќе учествуваат Михајло Филев, д-р Дејан Ристески, Филип Стефаноски, Верица Исакоска, Моника Коцарева, Павлина Шикалеска и Ели Аиноска.
Настанот ќе започне во 18 часот во „Харбор Клуб“.









