Утре промоција на новата поетска книга на Стефанија Бакулеска, „Шепотот на езерото“

Младата охриѓанка Стефанија Бакулеска, ученичка во прва година во охридската Гимназија, овој петок ќе ја промовира својата втора поетска книга „Шепотот на езерото“.
Промоцијата ќе се одржи на 6 ноември 2026 година, со почеток во 18 часот, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.
Бакулеска има само 15 години, а зад себе веќе има две објавени поетски книги. Со пишување започнала на осумгодишна возраст, инспирирана од Охридското Езеро, природата и родното Пештани. Нејзината прва стихозбирка „Мојот свет“ е објавена во 2023 година.
Меѓу нејзините позначајни успеси се првата награда на „Охридски поетски бисер“ во 2025 година и првото место на меѓународен поетски фестивал во Букурешт истата година. Двапати ја претставувала Македонија на Балканскиот поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“.









