Skip to main content

Угостителските услуги поскапи за 1,6 отсто на годишно ниво, ноќевањата поевтини за 9,9 отсто

Според податоците од Државниот завод за статистика, во периодот од јануари до октомври 2026 година е забележан пораст од 2,9 отсто во споредба со истиот период лани.
 |  инфодеск  | 
Ресторан угостителски услуги

Цените на угостителските услуги во октомври 2026 година се зголемени за 1,6 отсто во однос на истиот месец минатата година, додека во споредба со септември годинава се намалени за 1,8 отсто.

Според податоците од Државниот завод за статистика,  во периодот јануари – октомври 2026 година, цените на угостителските услуги бележат зголемување од 2,9 отсто во однос на истиот период од минатата година, додека во споредба со декември 2025 година зголемувањето изнесува 1,5 отсто.

Анализирано по групи, во октомври во однос на септември зголемување на цените е забележано кај храната за 0,1 отсто, алкохолните пијалаци за 0,2 отсто и безалкохолните пијалаци за 0,1 отсто.

Намалување од 9,9 отсто е регистрирано во групата ноќевања.