Skip to main content

Смилевска, Велески и Велкова ќе ги бранат боите на Македонија на Балканското карате првенство во Истанбул

Тројцата се истакнати членови на охридскиот карате клуб „Кун-су-то“,
 |  инфодеск  | 

​Во периодот од 6 до 8 ноември 2026 година во Истанбул, Република Турција, ќе се одржи престижното Балканско карате првенство.

Меѓу најдобрите млади каратисти кои ќе ги бранат боите на Македонија и се дел од македонската карате репрезентација се и тројца истакнати членови на охридскиот карате клуб „Кун-су-то“, Анастасија Смилевска, Наум Велески и Марија Велкова.

Охридските репрезентативци во Истанбул влегуваат со голема мотивација и спортски дух, подготвени да се спротивстават на силната конкуренција од балканските земји.