Skip to main content

Вечерва свечена академија по повод 82 години од ослободувањето на Охрид

Централниот настан, Свечена академија по повод 82 годишнината од ослободувањето на Охрид, ќе се одржи на малата сцена при Центарот за култура „Григор Прличев“, од 19:00 часот.
 |  инфодеск  | 

Продолжува празничната програма по повод 82 години од ослободувањето на Охрид.

Вечерва од 17:00 часот ќе се одржи Свечена приредба по повод патрониот празник на ДГ „Јасна Ристеска“ во СРЦ „Билајнини извори“. Од 18:00 часот ќе биде промовирана стихозбирката „Шепотот на езерото“ од Стефанија Бакулеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“, а од 19:00 часот, во Младински центар во Охрид ќе биде промовирана самостојната изложба „Охрид во моето срце низ очите на татко и син“ од фотографот Петар Паунче- Скитник. Промотор ќе биде Никола Митровиќ- Бабе.

Централниот настан, Свечена академија по повод 82 годишнината од ослободувањето на Охрид, ќе се одржи на малата сцена при Центарот за култура „Григор Прличев“, од 19:00 часот. Предвидено е обраќање на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, како и музичко-сценски перформанс.

Утре ќе се одржи 6. Општинско првенство во шах (10:30 часот), а во периодот од 10:00 до 11:00 часот ќе се одржи „Ohrrid Fly Festival“ – регионален параглајдинг перформанс. Од 11:00 часот ќе биде положено свежо цвеќе во спомен паркот на револуцијата. Во 17:00 часот во Прличевата одаја ќе биде промовирана книгата „Охридски книжевни критичари“ од проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорго Димоски.

Годинашните свечености ќе бидат заокружени со изложбата „Охрид – светско наследство низ објективот“ на Фото клуб Охрид.