Skip to main content

Културен бизнис импулс – спој на бизнисот, културата и младите

Здружението за едукација, култура и младински активизам „Граѓански Интегритет“ е организација посветена на поттикнување на активното граѓанство, младинското учество, образованието и развојот на демократски и културни вредности во општеството.
 |  инфодеск  | 

Вчера, во клубот „Харбор“ во Охрид, се одржа настанот „Културен бизнис импулс“, во организација на Здружението за едукација, култура и младински активизам „Граѓански Интегритет“, во соработка со СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид и со поддршка на Култура – Охрид.

Преку седум монодрами, младите актери аматери ги оживеаја животните и професионалните приказни на успешни локални бизнис-претставници: д-р Дејан Ристески, Филип Стефаноски, Верица Исакоска, Моника Коцарева, Павлина Шикалеска, Ели Аиноска и Михајло Филев.

-Ова не беа само приказни за деловен успех, туку приказни за истрајност, храброст, посветеност и вредности што оставаат трага. Преку сценски настапи, младите ги преточија нивните животни патишта во инспиративни пораки за вербата во сопствените способности, надминувањето на предизвиците и храброста да се следат сопствените соништа, велат од Здружението „Граѓански Интегритет“.

Посебен белег на настанот му дадоа младите актери аматери: Теодора Спироска, Јована Петреска, Матеј Димоски, Јана Димоска, Стефанија Климоска, Лео Нелоски и Евгениј Смилески, кои со својата посветеност, креативност и сценска изведба покажаа дека младите имаат огромен потенцијал и инспирација.

За техничката поддршка се погрижија Димитар Димоски, Коста Шенгулоски и Есер Момироски, додека музичкиот дел го подготвија Миа Стојкоска и Елена Андрееска.

Дел од организацискиот тим и менторската поддршка ја обезбедија професорките Билјана Кавтаноска Алческа и Весна Карамитре, кои несебично го вложија својот труд во подготовката и реализацијата на проектот.

„Културен бизнис импулс“ беше повеќе од културен настан, беше средба на генерации, идеи и искуства, во која бизнисот стана инспирација, културата средство за изразување, а младите главни носители на приказната.

Со овој настан уште еднаш се потврди дека вложувањето во младите, нивната креативност и нивниот развој е вложување во иднината на заедницата.