Општина Охрид го објави Јавниот повик за финансирање на предлог-идеи од јавен интерес во делот на социјалната и здравствената заштита за 2027 година

Општина Охрид го објави Јавниот повик за финансирање на предлог-идеи од јавен интерес во делот на социјалната и здравствената заштита за 2027 година.
Целта на реализација на оваа активност е Општина Охрид да обезбеди стимулирање и презентација на вредностите и достигнувањата од јавен интерес во областа на здравствената и социјалната заштита, намалување на социјалниот ризик и различните видови активности на лица со посебни потреби на подрачјето на Општина
Охрид.
Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на предлог идеа/проект со наведените пропратни документи, каде детално ќе биде образложена идејата и ќе има финасиска рамка.
- Финансирање на програми и активности на веќе постоечки дневни центри, поддршка за нивно континуирано функционирање до 1.000.000,00 денари.
- Финасирање на предлог идеи од јавен интерес со утврден максимален износ до 500.000,00 денари.
Пријавите со документите се доставуваат во затворен коверт: назнака на плик “НЕ ОТВАРАЈ”, Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, 6000 Охрид со назнака за „Јавен повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес во областа на здравствената и социјалната заштита на општина Охрид за 2027 година“ – лично во архивата на Општина Охрид или по пошта со препорачана пратка. Јавниот повик ќе трае најдоцна до 20.11.2026 година до 15.00часот.
Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат во Одделение за детска, здравствена и социјална заштита).
Повеќе информации на линкот.








