Skip to main content

Регионална тркалезна маса во Струга за интегрирано управување со шумите на Западен Балкан

Настанот претставува можност за афирмирање на регионалната соработка и отворање дискусија за идните чекори кон поодржливо, поефикасно и интегрирано управување со шумите на Западен Балкан.
 |  инфодеск  | 

На 11 ноември 2026 година, во хотел „Изгрев“ во Струга, со почеток во 9:00 часот, ќе се одржи регионална експертска тркалезна маса на тема „Интегрирано управување со шумите на Западен Балкан: Научени лекции, предизвици и насоки за иднината“.

На настанот ќе учествуваат регионални експерти, претставници на националните и локалните институции, шумарските агенции и јавните претпријатија, академската и научноистражувачката заедница, меѓународните организации, развојните партнери, граѓанскиот и приватниот сектор од Северна Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора.

Целта на тркалезната маса е да се презентираат резултатите и научените лекции од четиригодишната регионална соработка во рамките на проектот „Интегрирано управување со шумите долж сливот на реката Дрим“, со посебен акцент на досегашните предизвици, добрите практики и идните можности за унапредување на одржливото управување со шумските ресурси и зајакнување на регионалната соработка.

Преку размена на искуства, знаења и препораки, учесниците ќе имаат можност да дискутираат за значењето на заедничкиот пристап кон управувањето со шумите, како и за потребата од координирани активности меѓу институциите и другите релевантни чинители во регионот.

Проектот „Интегрирано управување со шумите долж сливот на реката Дрим“ го спроведува ЦНВП во Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово, во партнерство со ICEP, со финансиска поддршка од Австриската агенција за развој (ADA).