Откази, жалби и нови вработувања, кадровскиот предизвик за Општина Струга

Несоодветни кадри, недоволна ефикасност и потреба од преструктурирање на општинската администрација во Струга. . Седумнаесет вработени добиле отказни решенија, поради тоа што земале плата а не доаѓале на работа.
Дел од нив по жалба и образложение дека немале картици за евиденција на работното време, повторно биле вратени на работа. Општина Струга се соочува со проблеми во кадровската екипираност.
„Такви имаше 17, кои добија отказни решенија, но за жал, не ги вратија. Дел од нив веќе си заминаа. Меѓутоа, сè уште има несоодветни работници во Општината. Се надеваме дека ќе ги преструктурираме и ќе ги поставиме на работни места каде што можат да бидат попродуктивни и поефикасни.”- изјави градоначалникот Менди Ќура.
Недостиг на кадар има во урбанизмот и финансискиот сектор, како и инспекциските служби, Општината планирала нови вработувања. Од 16 предвидени, засега се реализирани само четири.
„Иако ние предвидовме да имаме 16 нови вработувања, за жал, не најдовме соодветни работници, па така вработивме само четворица.”– додаде Ќура.
Градоначалникот Ќура на денешната прес-конференција се осврна и на финансиската состојба. Во првата година од мандатот, според него, Општината вратила над 2,5 милиони евра стари долгови.








