
Општина Охрид ја доби наградата „Младински пријателски град“
Општина Охрид е добитник на националната награда „Младински пријателски град“ (Youth Friendly Town) за 2026 година, за Југозападниот плански регион. Признанието беше доделено во рамки на Четвртиот Национален форум за младинска работа, кој се одржува во Охрид.
Градоначалникот Кирил Пецаков истакна дека наградата претставува потврда за посветеноста на локалната самоуправа кон создавање подобри можности за младите, поттикнување на младинскиот активизам и градење општество во кое гласот на младите се слуша и вреднува.

Пецаков учествуваше и на панел-дискусијата посветена на институционалната и финансиската поддршка на младинските центри и младинската работа, каде заедно со други градоначалници ги споделија искуствата и предизвиците во создавањето подобри услови за младите.
Признанието „Младински пријателски град“ се доделува на општини кои покажуваат посветеност во спроведувањето на младинските политики и Законот за младинско учество и младински политики.
